Ѓоковиќ: нема простор за толку критики

0

Српската тениска ѕвезда, Новак Ѓоковиќ, проговори околу збиднувањата на „Адрија Тур“ кога дел од учесниците покажаа позитивни резултати на ковид-19.

„Во последно време гледам само критики а најголем дел од нив – злонамерни. Очигледно е дека постои нешто повеќе, ми се чини како да има агенда, како некој вид – лов на вештерки. Сега мора некој да падне, некоја личност, големо име да биде посочено за најголем виновник за сè“ – вели Ѓоковиќ кој беше организатор на хуманитарните турнири во Белград и Задар.

Првиот играч на АТП листата откако без проблеми ја доби битката со ковид-19, полека се враќа во тренинг процес.

Share.

Leave A Reply