Светскиот тениски рекет број еден, Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Синсинати откако со 2:0 го победи францускиот тенисер Лука Пуј, но остана загрижен поради повредата на лактот.
За потсетување, поради оваа повреда, српскиот тенисер мораше да одмара околу шест месеци.
„Не знам што е конкретно, ќе видиме, се надевам дека ќе биде добро. Бев вкочанет, малку затегнат, посебно на сервис, но успеав да го завршам мечот, што е одлично, но болката е тука. Се надевам дека до утре ќе исчезне“, порача Ѓоковиќ.