Ѓоковиќ подобар од Федерер во маратонско финале

0

Новото епско финале на Вимблдон одиграа Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер. Исто како пред пет години, победникот се решаваше по пет сета и повторно со кренати раце мечот го заврши Ѓоковиќ 3:2 (7:6,1:6, 7:6, 4:6,13:12)

Двајцата тенисери одиграа одличен натпревар и се бореа за титулата до самиот крај, едноставно немаше предавање и во најлошите ситуации во кои беа во текот на натпреварот. Ѓоковиќ сите три сета кои ги доби против Федерер ги доби во тај-брејк, додека Федерер вториот сет го доби убедливо со само еденз агубен гем, а четвртиот со 4 изгубени гемови.

Федерер имаше две меч топки кои не ги искористи и му дозволи на Ѓоковиќ да се врати во мечот и на крајот да направи пресврт. Во последниот петти сет повторно одлучуваа деталите во тај-брејк, а најдобриот светски тенисер беше тој кој што беше поуспешен во тај-брејкот заврчницата и победи со 13:12.

Овој финален натпревар траеше точно 5 часа и 2 минути.

Share.

Leave A Reply