Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ откако вчера го освои „Вимблдон“ скокна 11 места на АТП листата и успеа да се врати во Топ 10.
Финалистот од Лондон, Кевин Андерсон од Јужна Африка, се искачи за три позиции и сега го има петтото место што е негов најдобар пласман во кариерата. Шпанецот, Рафаел Надал со 9.310 поени останува на челното место пред Роџер Федерер (Швајцариј) со 7.080 и Александар Зверев (Русија) со 5.665.
Меѓу најдобрите десет уште фигурираат и : Хуан Мартин дел Потро 5.395, Кевин Андерсон со 4.655, Григор Димитров со 4.610, Марин Чилиќ со 3.905, Џон Иснер со 3.720, Доминик Тим со 3.665 и Новак Ѓоковиќ со 3.355 поени.