Ѓоковиќ сака трофеј и од Рим

0

Новак Ѓоковиќ вчера по третпат во својата кариера го освои Мастерсот од серијата 1000 во Мадрид, а веќе од денеска тргнува во поход на уште еден трофеј. Најдобриот светски рекет вчера изјави дека е презадоволен од настапот во Мадрид и се надева дека победничката серија ќе ја продолжи и во италијанската престолнина.

„Многу сум задоволен. По полуфиналето реков дека оваа победа е многу важна за самодовербата. Циципас е многу талентиран. Тој го елиминираше Рафа Надал. Тој направи неверојатна недела, а за мене ова е голема победа. Сега навистина сакам да ја продолжам победничката серијата во Рим“, изјавил Србинот.

Share.

Leave A Reply