Ѓоковиќ : Се чувствувам одлично

0

Поранешниот светски рекет број 1, Новак Ѓоковиќ, кој во првиот меч по паузата поради повреда триумфираше против Доминик Тим на егзибицискиот турнир во предградието на Мелбурн, вели дека е задоволен од прикажаното.

„Убаво е што се враќам на теренот во Австралија. Поминав низ тежок период. Повредата е најголемиот противник за секој спортист. Поминаа шест месеци од мојот последен меч и благодарам на публиката која ме поддржа“ изјави Ѓоковиќ.

Србинот кој имаше пауза од точно 191 ден се надева дека максимално подготвен ќе се појави на првиот годинашен Грен Слем турнир – Отвореното првенство на Австралија кое ќе стартува на 15 јануари.

Share.

Leave A Reply