Ѓоковиќ се повлече и од турнирот во Доха

0

12-кратниот победник на турнирите од Грен Слем серијта, Новак Ѓоковиќ, го откажа учеството и на силниот турнир во Доха закажа во периодот од 1 до 7 јануари. Откако не се појави во Абу Даби, беше јасно дека повредата и натаму не е санирана.

„За жал, ситуацијата со лактот не е променета во споредба со она што беше вчера. Сè уште чувствувам болка. Затоа сум принуден да се повлечам од турнирот, кој беше познат како најдобар во категоријата АТП-250 во 2017 година. Им се извинувам на моите фанови. Имам прекрасни спомени од турнирот во Доха“, изјавил Србинот.

Share.

Leave A Reply