Ѓоковиќ се повлече поради повреда, УС Опен ќе има нов шампион

0

Новак Ѓоковиќ не го заврши осминафиналето на УС Опен откако поради повреда го предаде дуелот со Стен Вавринка. Швајцарецот имаше водство од 2:0 во сетови, кога во третиот сет, првиот рекет реши да се повлече поради повреда на рамото.

Сега е веќе јасно дека УС Опен ќе добие нов шампион. Вавринка во четвртфиналето ќе игра со Даниел Медведев, кој пат го елиминираше Германецот Доминик Кефер.

Share.

Leave A Reply