Ѓоковиќ се враќа на теренот

0

Освојувачот на 12 титули од Гренд слем турнирите Новак Ѓоковиќ најави дека ќе се врати на теренот во текот на следната недела на турнирот од АТП сериите во Акапулко.

Ѓоковиќ ќе се вклучи на турнирот со вајлд карта, а на овој турнир уште ќе учествува и финалистот од Отвореното првенство на Австралија Рафаел Надал како и тенисерот број 3 во светот Милош Раониќ.

29-годишниот Новак Ѓоковиќ го пропушти турнирот во Ротердам минатата недела, откако уште во дуелот со Русија за „Дејвис купот” се жалеше на болки во рамото.

Share.

Leave A Reply