Ѓоковиќ убедлив против Федерер за 8-мо финале во Мелбурн

0

Новак Ѓоковиќ беше убедлив во натпреварот против Роџер Федерер и обезбеди пласман во финалето на Австралија опен. Ѓоковиќ ќе игра во своето осмото финале на Австралија опен благодарение на одличната игра и убедливата победа против Роџер Федерер (7:6, 6:4, 6:3).

Ѓоковиќ беше фаворит пред мечот, а ја оправда оваа улога со игра која не му даде шанса на неговиот голем ривал со кого го одигра 50-от меѓусебен меч.

Неизвесност имаше само во првиот сет кога швајцарскиот тенисер започна со брејк. Но, истиот го загуби кога сервираше за водство, а во тај-брејкот беше поразен со 7:1. Останатиот дел од натпреварот му припадна на Новак Ѓоковиќ кој демонстрираше врвен тенис и сигурност. Во вториот сет го одзеде сервисот на Федерер во завршницата за да го добие сетот со 6:4, а слично беше и во третиот сет кој го доби со 6:3.

Новак Ѓоковиќ сега ќе го чека противник за во финале , а ќе го добие од мечот меѓу Доминик Тием и Александер Зверев.

Share.

Leave A Reply