Бранителот на титулата на Мастерсот во Синсинати, Србинот Новак Ѓоковиќ се пласираше во четврфиналето на турнирот кој се игра за награден фонд од 6 милиони долари.
Првиот рекет по точно 90 минути победи против 53. на АТП листата, Шпанецот Карењо Буста со 6:3 и 6:4 и обезбеди место во групата на осум тенисери кои продолжуваат да се борат за трофејот. Ова беше трет меѓусебен дуел и трета победа на српскиот тенисер. Претходно, Ѓоковиќ славеше над Буста и во 2014 и 2017 година.