Ѓоковиќ започна со тренинзи

0

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој продолжува да се опоравува од повредата, се врати на терените.

30-годишниот тенисер ја одржа првата тренинг сесија во Бордигера (Италија), со која полека го најавува и своето враќање на натпреварите. Во февруари, Ѓоковиќ претрпе операција на лактот, но очигледно рехабилитацијата оди во најдобар ред.

Србинот ќе ги пропушти турнирите во Индијан Велс и Мајами и ќе се натпреварува во Мадрид, кој е закажан во мај оваа година.

Share.

Leave A Reply