Ѓорческа 231-ва, а Јотовски на 579-ти на тениските ранг-листи

0

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа има пад од едно место на најново објавената ВТА ранг-листа, Ѓорческа сега е на 231-то место на денес објавената ранг листа.

Најдобриот ранкинг на нашата тенисерка беше во јуни кога се проби до 170-то место на ВТА ранглистата. Лина Ѓорческа во моментов е и на 229 -то место на ранг-листата во двојќи.

Во машка конкуренција Томислав Јотовски е наш најдобро рангиран тенисер и денес се најде на 579-то место со напредок од една позиција во однос на предходната ранг -листа.

Најдобриот пласман на Јотовски во кариерата беше 510-то место во јуни 2015 година.

Share.

Leave A Reply