Ѓорческа денеска во квалификациите на Вимблдон

0

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа (180 на ВТА), попладнево по 15 часот ќе настапи во првото квалификациско коло на најпрестижниот турнир од Грен Слем серијата, Вимблдон.

Ѓорческа имаше исклучително тешка ждрепка, затоа што за противничка во првата рунда ја доби Србинката Александра Круниќ (99 на ВТА), која во квалификациите е поставена за прва носителка. Круниќ има позитивно искуство од настапите на Вимблдон, а во 2015 година успеа да стигне до третото коло на главниот турнир.

За Ѓорческа ова ќе биде уште еден настап на турнирите од Грен Слем серијата, откако лани настапи во квалификациите за US Open, а годинава играше квалификации и на Австралија Опен и Ролан Гарос.

Share.

Leave A Reply