Ѓорческа е ставена во квалификацискиот костур за „Ролан Гарос“

0

Нашата тенисерка, Лина Ѓорческа, по трет пат ќе игра во квалификациите на еден Грен слем турнир и тоа во случајов во Париз на терените на Ролан Гарос.

За разлика од турнирите – „САД Опен“ и во Австралија, сега ќе се игра на земјена подлога која и одговара на нашата тенисерка. Ѓорческа загуби од Белис во првата рунда во Њујорк додека во Мелбурн беше на чекор од главниот настан, но, не го помина последниот филтер бидејќи беше совладана од Стефани Вогел од Швајцарија.

Во квалификациите за пласман на годинашново издание на Ролан Гарос, ќе настапат 96 тенисерки од кои 8 ќе добијат вајлд карти.

Share.

Leave A Reply