Ѓорческа елиминирана во првото квалификациско коло на УС Опен

0

Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да го помине првото коло од квалификациите на УС Опен. Ѓорческа е елиминирана уште на почетокот на овие квалификации, откако за скоро еден и пол час загуби од Дестини Ајава од Австралија со 2:1 во сетови (6-4, 4-6, 3-6).

Ѓорческа добро го започна натпреварот, направи брејк и го доби првиот сет. Во овој период Ѓорческа одлично функционираше на теренот имаше одличен сервис и лесно го добиваше својот сервис и во вториот сет. Но, во самата завршница во деветтиот гем го загуби својот сервис и од тој момент ја загуби контролата над резултатот и натпреварот. Најнапред дозволи противничката Ајава да го добие вториот сет со 6-4, а со тоа да го израмни резултатот.

Во третиот и реашавачки сет Ајава успеа да победи со 6-3 и да дојде до победа. Нашата тенисерка повторно не успева да го мине квалификациите на еден Грен слем турнир, а вторпат на УС Опен е елиминирана во првото коло.

Share.

Leave A Reply