Ѓорческа го освои турнирот во Дениан

0

Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа e победничка на фјучерс турнирот кој се играше во Дениан во Франција, ИТФ турнир кој беше со награден фонд од 25.000 долари.

Во интересно финале, Лина Ѓорческа успеа да ја совлада Мари Осака од Јапонија по 2 часа и 26 минути игра со 2:1 во сетови (6:2, 5:7, 7:6). Последниот сет во тајбрејк го доби Ѓорческа со 8:6.

Во првиот сет доминираше Ѓорческа, која веднаш направи брејк, а потоа го одзеде и сервисот на Јапонката за водство по првиот сет кој го доби со 6:2. Кога се чинеше дека Лина брзо ќе го добие овој натпревар, Осака се врати во игра и успеа да го исрамни резултатот на 1:1 откако го доби вториот сет со 7:5.

Третиот сет беше израмнет, се играше гем за гем, но во тај-брејкот нашата тенисерка беше подобра и славеше со 8:6 за победа од 7:6 во последниот сет. По оваа победа Лина Ѓорческа може да очекува одреден напредок на ВТА ранг листата која ќе биде објавена утре.

Share.

Leave A Reply