Ѓорческа го загуби финалето во Трнава

0

Најдобрата тенисерка од Макеоднија, Лина Ѓорческа не успеа да го освои турнирот во Трнава, Словачка, кој се играше за награден фонд од 25.000 американски долари.

Ѓорческа одигра одлично во текот на оваа недела и успеа да се пласира во финалето каде не можеше да и се спротистави на Софија Ласере од Русија, која во финалето славеше со 2:0 во сетови.

Нашата тенисерка не можеше да наметне своја игра и да сервира како што сака и на тој начин дозволи противничката да направи лесни брејкови и да го добие првиот сет со 6:2, а вториот со 6:3.

 

Share.

Leave A Reply