Ѓорческа ја очекува настап во двојки на турнирот во Бил

0

Нашата тенисерка Лина Ѓорческа, денеска од 14 часот  заедно со Анастасија Комардина од Русија, ќе се појават во игра на двојки на силниот турнир кој се реализира на терените во Швајцарија.

Тие ќе се сретнат со белгиско-британскиот пар, Мертенс/Ватсон, кој ќе ја има улогата на фаворит. Победникот од тој дуел во наредната рунда ќе излезе на мегдан со некогашната најдобрата тенисерка во светот, Мартина Хингис. Швајцарката е во тандем со сонародничката Тимеа Башински.

Нашата најдобра тенсиерка се појави како „лаки лузер“ и на главниот дел во поедничена конкуренција но, загуби уште во првото коло од Маркета Вондросува од Чешка.

Share.

Leave A Reply