Ѓорческа лесно ја „прескокна“ Јоксовиќ

0

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа,  оствари нова победа на Источноевропскиот турнир кој се реализира во Белград. Таа денеска славеше  убедливо со 2-0 против домашната претставничка, Доротеја Јоксовиќ.

Тетовчанката лесно го доби првиот сет со максимални 6-0 додека во вториот нешто потешко успеа да победи со 6-4.

Денешниот триумф остварен на терените на Академијата на Јанко Типсаревиќ, покажува дека нашата Ѓорческа е влезена во посакуваниот ритам и дека може да постигне добар резултат на турнирот во соседна Србија.

 

 

Share.

Leave A Reply