Ѓорческа не успеа против Круниќ, елиминирана на Вимблдон

0

Најдобра македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, е поразена во првото коло од квалификациите на Вимблдон, а со тоа не успеа да го повтори успехот од квалификациите за Австралија Опен.

Ѓорческа денес беше поразена од првиот носител во квалификациите Александра Круниќ од Србија со 2:0 во сетови, односно двапати со по 6:4. Лина лошо го започна натпреварот и дозволи на противнилката да го освои нејзиниот сервис и да поведе со 1:0, а во продолжението од првиот сет нашата тенисерка одигра далеку поквалитетен тенис, но не успеа да го анлуриа брејкот и сетот заврши во корист на Круниќ со 6:4.

На стартот на вториот сет иста слика Ѓорческа повторно го загуби првиот гем на свој сервис, а тоа Круниќ знаеше да го искористи и повторно да дојде до 6:4 и победа од 2:0.

И покрај поразот Лина Ѓорческа остави одличен впечаток на Вимблдон, ако се земе во предвид малиот број на тренинзи на трева пред овој натпревар во Лондон поради административни причини.

Ова беше прв настап на Ѓорческа на ваква подлога и одлично се снајде на мечот со Круниќ.

Share.

Leave A Reply