Ѓорческа поразена во својот прв настап на ВТА турнир

0

Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа е поразена во своето деби на ВТА турнирите од Белгиската тенисерка Марина Заневска со 0:2 (1-6,3-6).

Мечот траеше нешто повеќе од 1 час, а Лина доби шанса да настапи на главниот турнир откако најнапред беше поразена во квалификациите од Воскобоева, но доби шанса за настап по откажувањето на Аранча Рус.

Во првиот сет Ѓорческа играше далеку под своите можности и го загуби со 6:1, додека во вториот и даде силен отпор на поискусната противничка и имаше изедначен резултат до 3:3, за потоа да загуби три гема по ред за конечни 6:3 за Заневска. Ова беше големо искуство за нашата тенисерка која оваа недела имаше пад од 5 места на ВТА ранглистата и сега е на 205-то место.

Share.

Leave A Reply