Ѓорческа се пласираше во финалето на турнирот во Денаин

0

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди пласман во финалето на ИТФ фјучерс турнирот во Денаин кој е со награден фонд од 25 000 долари.

Ѓорческа денес ја победи домашната тенисерка, Манон Арканжиоли со 2:0 (6:3, 6:4). Нашата тенисерка која е прва носителка на овој турнир на патот до финалето стигна убедливо, не загуби ниту еден сет и покажа одлична игра. Денешното полуфинале беше уште една одлична партија на Лина која на убедлив начин со 2:0 во сетови ја елиминираше својат противничка.

Утре во финалето Ѓорческа ќе игра против  Мари Осака од Јапонија.

 

Share.

Leave A Reply