Ѓорческа скокна за 60 места на ВТА листата по финалето во Трнава

0

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа очекувано има скок на најново објавената ВТА листа по одлично одиграниот турнир во Трнава (ИТФ фјучeрс од 25.000 долари), но немаше сили за да го добие и финалето против Софија Лансере од Русија од која загуби со 2:0 во сетови, 2:6 и 3:6.

Сепак, и покрај овој пораз во финалниот натпревар, нашата најдобра тенисерка направи голем скок на ВТА ранг-листата. Пред почетокот на турнирот во Словачка, таа беше 403-та тенисерка на светот, а од денес благодарение на одличниот настап во Трнава иама напредок од цели 60 позиции на ВТА-листата, и сега е на 343-то место.

Со вакви игри на следните турнири Ѓорческа ќе може да смета на дополнително искачување на ВТА листата, а зошто да не ја видеме и меѓу најдобрите 300 во текот на овој месец.

Share.

Leave A Reply