Ѓорческа забележа победа во квалификациите

0

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, го помина првото коло во квалификациите за тенискиот грен-слем, Австралија Опен, постигнувајќи ја првата победа на еден грен-слем турнир.

Taa ја совлада фаворизираната Американка Саша Викери,18. носителка во квалификациите и тоа со резултат 2:1 во сетови. Ѓорческа го доби првиот сет со 6:2, Викери одговори со израмнување со 6:3 а во третиот решавачки сет Лина беше подобра со 6:3.

Лина во второто квалификациско коло на собирот во Мелбурн ќе се сретне со Унгарката, Далма Галфи која го има 162 место на ВТА листата.

Share.

Leave A Reply