Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши својот настап на ИТФ-фјучерс турнирот во Хамбург, Германија, по пораз во второто квалификациско коло.
По стартната победа, нашата најдобра тенисерка не успеа да ја помине втората пречка и загуби од Ела Шајдел од Германија, со 0:2 во сетови (4-6, 6-7). Ова беше последната пречка за Ѓорческа за да се пласира на главниот дел од турнирот, па се Ѓорческа ќе мора да мисли на своите следни натпревари.
Нашата најдобра тенисерка во моментов се наоѓа на 349. место на ВТА-листата и доколку сака да напредува ќе и бидат потребни победи и нови бодови на овие турнири на стартот на сезоната.