Ѓоргиев има најмалку бронза на ЕП во Братислава

0

Македонскиот кик-боксер Димитар Ѓоргиев обезбеди најмалку бронзен медал на европското првенство за сениори во Братислава, Словачка. Во четврфиналето, Ѓоргиев славеше со 3-0 против турскиот натпреварувач Унал Озлеме и обезбеди полуфинале во категоријата до 86 килограми во дисциплината Лоу-Кик против Србинот Милош Цвјетичанин.

Денеска се очекува и настапот во четвртфиналето на Бобан Илиоски во К1 (до 81 килограм) против Хрватот Гај Гошиќ.

Share.

Leave A Reply