Капитенот на нашата одбојкарска репрезентација, Никола Ѓорѓиев, изјави дека му се исполнил сонот да заигра на голем меѓународен настан.
„Јас сум горд на момчињата, се издигнавме над сите проблеми. Пласманот на ЕП е круна на една генерација, најсреќниот ден за сите“ – вели Ѓорѓиев.
„На повеќе од натпреварите немавме среќа, во изминатото лето беше многу тешко, имавме и одредени недоразбирања меѓу нас, но, тоа го надминавме и дојдовме до посакуваниот пласман на Европското првенство“ – потенцираше Ѓорѓиев