Ѓорѓиоски: Горди сме на сработеното

0

Претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, истакна дека е задоволен од новиот капитален објект во рамките на „Куќата на фудбалот“ кој е наменет за фудбалската Академија и за младите репрезентативци.

„Го реализиравме тоа што го започнавме пред три години, го  заокруживме комплексот со посебен дел. Тука ќе биде нашата фудбалска иднина. Затоа им благодарам на УЕФА и на ФИФА за големата поддршка“ – изјави првиот човек на ФФМ.

На свечениот дел на отворањето проговори и потпретседателот на Владата, Кочо Анѓушев, кој потенцираше дека сите вакви проекти ќе му донесат бенифит на македонскиот спорт.Тој упати исто така посебна благодарност до меѓународните фудбалски организации.

Share.

Leave A Reply