Ѓорѓиоски : Сите заслуживме честитки

0

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски, денеска се огласи по завршувањето на гала настанот во Скопје познат како УЕФА Суперкуп а за кој доби пофалби и честитки од матичната европска организација.

„Во мое лично име и во име на Фудбалската Федерација на Македонија би сакал да се заблагодарам на сите што беа вклучени и помогнаа во организацијата и реализација на УЕФА Супер Купот – Скопје 2017. Сакам да се заблагодарам на целата нација за крајно културниот и етички однос, за спортското навивање и трпение во деновите на настанот, на спортската јавност и на медиумите за професионалното информирање, на сите инволвирани поединци, институции и деловни субјекти, како и на вработените во ФФМ без чија посветеност и професионализам немаше да успееме да организираме еден ваков фудбалски спектакл на толку високо ниво„ вели Ѓорѓиоски

„Како Претседател на Фудбалската Федерација на Македонија, би сакал особено да се заблагодарам на УЕФА за укажаната доверба и поддршка во реализацијата. Огромна благодарност до иституциите на Владата на Република Македонија и на градот Скопје, во нив најдовме партнер кој посветено работеше и беше  дел од  организација на најголемиот настан во независна Македонија,- се вели во изјавата на Ѓорѓиоски.

Share.

Leave A Reply