Ѓоровиќ со 15 кошаркари на подготовки за дуелите со Хрватска и Летонија

0

Селекторот на македонската женска кошаркарска репрезентација, Владимир Ѓоровиќ одлучи во подготвителниот период и средбите со репрезентациите на Хрватска и Летонија да им даде доверба на 15 кошаркарки.

Во првите денови од седумдневните подготовки во Охрид, ќе го нема и капитенот Анџелика Митрашиновиќ, поради претходно планирани клупски обврски.

„Сакам кажам дека за овој февруарски ‘прозорец’ на ФИБА и квалификациските дуели во Летонија беа планирани уште неколку кошаркарки. Во прв ред, Јелена Антиќ, која е на посебни третмани за опоравување во Катар. Потоа Александра Стојановска, која за жал не е комплетно заздравена по операцијата на скочниот зглоб, и Кожобашиоска, која од пред неколку дека е во карантин во Италија. На поширокиот список не се Селцова и Митрева, кои се уште се во рехабилитациска фаза после оперативните зафати во изминатиот период“, изјави за КФСМ Ѓоровиќ.

Share.

Leave A Reply