Ѓуроски: Најважно е што со два бода се враќаме дома

0

Македонската кошаркарска репрезентација се врати од Приштина со тешка победа над Косово во продолжението од квалификациите за ЕП 2021 година. Еден од поискусните во нашиот табор, Стојан Ѓуроски по мечот изјави дека најважно од се е конечниот резултат, кој е во наша полза.

„Очекувам уште подобри игри во иднина. Ја имам неговата доверба и се надевам дека и понатаму ќе продолжам да ја оправдувам. Да, требаше малку полесно да го завршиме мечот во наша корист, но во финишот имаше неколку наши избрзани одлуки, но морам исто да напоменам две или три судиски одлуки кои беа малку дискутабилни. Ги вратија нашите противници во игра, но важно е што дуелот заврши во наша полза и со два бода се враќаме во Скопје“, изјави Ѓуроски.

Македонија веќе в недела има нов меч од квалификацискиот циклус. Во Скопје гостува селекцијата на Романија.

Share.

Leave A Reply