Кошаркарите на Голден Стејт успеаа да го победат Кливленд на негов терен и да дојдат до четвртата победа од финалната серија сокоја ја одбранија шампионската титула.
Голден Стејт ноќеска беше убедлив против Кливленд и славеше со 108:85 на гостински терен. Голден Стејт во финалето со сигурни 4:0 успеа да слави над Кливленд со што на лисата се изедначи со Чикаго Булс.
За „воините“ ова беше шеста НБА-титула во историјата, со што дојдоа рамо до рамо со Чикаго на оваа листа, затоа што и „булси“ имаат шест трофеи. Голден Стејт е пред „биковите“, затоа што има повеќе финалиња.
Воедно, Голден Стејт стана првиот тим кој успеал да слави со сигурни 4:0 во финале по 2007 година. Последен тим на кого му успеа тоа беше Сан Антонио, кој предводен од Грег Попович пред 11 години со 4:0 беше подобар од Кливленд.