Голден Стејт продолжува со победи, а Стеф Кари со нов рекорд

0

Шампионот Голден Стејт ја забележа втората победа во Њујорк во рок од само неколку дена откако го победи Бруклин како гостин.

Голден Стејт го победија тимот на Бруклин  Нетс со 120:114, а главен придонес за шестиот успех на тимот од Калифорнија од почетокот на сезоната дадоа двоецот Кевин Дурант – Стеф Кари.

Тандемот на Голден Стејт постигна повеќе од половина поени на својот тим (69), откако Дурант заврши со 34, а Кари со 35. Дурант шутираше 11/20 од игра (2/6 од тројката) и 10/11 од слободни фрлања, а имаше и 8 скока и 6 асистенции. Неговиот колега од тимот Сетдф Кари имаше одличен учинок постигна 7 тројки од 15 обиди, на тоа додаде 7 скока и 3 асистенции.

Стеф Кари постави нов рекорд со тоа што постигна 7 тројки и ја продолжи серијата на натпревари во која постигнувал најмалку по 5 тројки. Досегашниот рекорд од 6 дуелот со барем 5 тројки што му припаѓаше на Џорџ МакКлауд и беше постигнат во сезоната 1995/1996 замина во историја откако ова беше 7 натпревар во кој Стеф Кари имаше повеќе од 5 тројки.

На останатите три натпревари кои беа одиграно ноќеска Далас загуби од Јута со 104: 113, а  Оклахома Ситиго совлада Феникс со 117: 110, домашна победа и тоа убедлива за ЛА Клиперс против Вашингтон од 136: 104.

Share.

Leave A Reply