Голем успех на традицоналното карате

0

Македонската репрезентација во традиционално карате постигна голем успех освојувајќи 7. златни, 2 сребрени и 3. бронзени медали во сениорска, младинска јуниорска и кадетска конкуренција на ЕП во Крањска Гора.

Кај сениорите, Дејан Недев освои прво место во ката и во кумите, Јадранка Недева освои 1. место во фукого и 3. место во кумите, Матеја Ангелевски дојде до среброто во кумите. Во младинска конкуренција Ивона Лаушевиќ се накити со бронза во кого-кумите.

Кај јуниорите ката тимот во состав: Мила Саздова, Берта Милевска и Антонија Белезелкоска, освоија прво место додека Берта Милевска обезбеди трето место во кого кумите. Во кадетска конкуренција Мила Саздова беше супериорна во ката во фукуго и во кого кумите.

Share.

Leave A Reply