Голема победа на стартот на ЕП

0

Македонските ракометари ги освоија првите бодови на ЕП во Хрватска откако во крајно драматичен меч во Арената во Загреб ја совладаа селекцијата на Словенија со 25:24. Противникот добро отвори, имаше во континутет предност од 2-3 гола но, по тајм аутот на Раул при негатива 11-8, Македонија успеа да замине на паузата со нерешени 11 спрема 11.

Стартот на вториот дел на некој начин најави дека се е подредено на триумф против фаворизираниот состав на Вујовиќ. Направивме мини серија од 4-0, одбраната фунционираше одлично, нападот донесе луцидни голови. На крајот во трилер завршница покажаме поголема самодоверба и во решавачките моменти менталитет на победници.

Најефикасен во нашата репрезентација беше Дејан Манасков со осум голови или еден повеќе од капитенот Кире Лазаров. Голманот, Никола Митревски, кој се покажа како еден од факторите за победа, имаше девет одбрани. Во второто коло во групата „Ц“ в понеделник, Македонија ќе игра со Црна Гора која денеска загуби од Германија со 31:19 додека Словенечките ракометари ќе излезат на мегдан со „панцирите“.

 

Share.

Leave A Reply