Голема победа над Исланд во Рејкјавик (33:34)

0

Македонската ракометна репрезентација оствари голема победа на гостувањето кај Исланд од 34:33 во 3. коло од квалификациите за ЕП. Во меч со драматичен финиш, Манасков реализираше на секунда пред крајот на мечот, откако претходно не успеа да реализира пенал.

Исланѓаните имаа континуирана предност од 2-3 гола во најголемиот дел од првото полувреме, но ние успеавме да се вратиме со силен финиш, а Лазаров со гол во последната секунда ни донесе реми (17:17).

Исланд го отвори второто полувреме со предност од еден гол и истата успеваше да ја одржи до средината, кога ние успеавме да го свртиме резултатот, па и да дојдеме до предност од два гола. Во последните 5 минути влеговме израмнето. Се водеше голема битка, гол за гол, се до последната минута во која Митревски одбрани, а ние добивме напад за водство. Сепак, не успеавме да се организираме и ја загубивме топката.

Во последните 11 секунди и Исланд не успеа да организира напад, добија црвен картон, а ние пенал за победа. Иако Манасков во првиот момент не успеа да погоди, топката среќно му се врати во раце за победа од 34:33. В недела овие две селекции ќе го одиграат и вториот меч, овој пат во Скопје.

Share.

Leave A Reply