Менаџерот на фудбалерите на Тотенхем, Маурисио Почетино, откри дека две од најголемите ѕвезди на тимот нема да играат на саботното дерби со Ливерпул.
„Спарси“ кои ќе му бидат домаќини на моменталниот лидер на табелата и тоа на легендарниот стадион „Вембли“, ќе бидат ослабени со неиграњето на светскиот шампион и воедно капитен на тимот Уго Лорис како и англискиот репрезентативец , Деле Али.
„Али немаше среќа, бидејќи заработи повреда по само 20 минути против Шпанија. Ќе ни недостасува против Ливерпул а најверојатно и на натпреварот против Интер од Лигата на Шампионите. Лорис мора да помине нов преглед, но, се надеваме дека брзо ќе се врати на голот “, изјави Почетино.