Големи ракометни ѕвезди ќе гостуваат во Битола

0

Ракометарите на Еурофарм Работник денеска ги очекува тежок меч против фаворитот во групата, унгарскиот Веспрем.

Натпреварот ќе биде одигран од 17.15 часот во салата – „Боро Чурлевски“ во Битола. Нашиот тим пред дербито на групата „Б“ има две победи во два меча додека Унгарците одиграа три средби и забележаа исто толку триумфи.

Тоа што Веспрем дојде во Битола во најсилниот состав покажува дека шампионот на Унгарија не препушта ништо на случајноста и дека сака да ја оправда улогата на голем фаворит. .

Share.

Leave A Reply