Со натпреварите Шкендија- Вардар и Работнички – Ренова, попладнево стартува новата сезона на домашната фудбалска сцена. На Градскиот стадион во Тетово Шкендија го пречекува Вардар во првото дерби оваа сезона. За тетовци оваа прва дерби средба ќе биде е добра контрола пред реваншот во вторник против Салцбург во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите.
Вардарци со реновиран тим ќе се обидат да дојдат до изненадување.
Во вториот меч во Скопје на Националната арена, амбициозниот Работнички тргнува против екипата на Ренова. И двата тима добро се познаваат, па тешко е да се каже кој ќе има предност на мечот.
Останатите дуели од воведната рунда се на програмата утре.
Сабота
Шкендија – Вардар
Работнички – Ренова
Недела
Силекс – Шкупи
Победа – Беласица
Академија Пандев – Македонија ЃП