Голгетерот не сака да ја „грее“ клупата

0

Фудбалерот на Челзи, Оливие Жиру, изјави дека е разочаран бидејќи по доаѓањето на Гонзало Игуаин го загуби местото во стартната постава.

Французинот во тековнава сезона постигна 12 голови од кои само два се во Премиер лигата. Бидејќи за неговите услуги се заинтересирани неколку екипи, постои голема веројатност уште во текот на летото да си замине од „Стемфорд Бриџ“.

Корпулентниот напаѓач во 2017 ја заврши соработката со Арсенал и веднаш се пресели во редовите на „сините“. Тој досега беше стартер на само седум натпревари.

 

Share.

Leave A Reply