Додека Реал Мадрид размислува како да излезе од шокот по неочекуваниот пораз од Алкојано во Купот на кралот во Шпанија, чуварот на голот на третолигашот Хозе Хуан Фигуерас има сосема други грижи во главата.
Синоќа тој со своите одбрани го елиминираше Реал Мадрид, ветеранот направи 10 одбрани по ударите на суперsвездите на Реал Мадеид и му помогна на својот тим да дојде до победа од 2:1. Сепак, тој немаше време за прослава затоа што утрово мораше да ја отвори својата пекара во градот. Токму од тоа живее Фигуерас, а фудбалот е негово хоби.
За неколку дена, голманот ќе наполни 42 години и овој натпревар е врв во неговата кариера.