Голманот на Египет може да го сруши Гинисовиот рекорд

0

Ако не се повреди, голманот на Египет Есам ел Хадари сигурно ќе го собори светскиот рекорд на Гинис. Репрезентативниот голман на Египет може да стане најстариот фудбалер на светско првенство, откако „фараоните” веќе се пласираа за СП 2018 во Русија.

Следното лето Ел Хадари ќе биде на возраст од 45 години и како стартер на Египет би требало да биде дел од Светското првенство, каде може да го подобри рекордот на колумбискиот голман Мондрагон, кој имаше 43 години за време на шампионатот во Бразил во 2014 година.

Во неговиот 155-ти натпревар за репрезентацијата Египет победи со 2:1 против Конго пред неколку дена и по трет пат во историјата се пласираа на СП по 1934 и 1990 година.

Share.

Leave A Reply