Голот со кој Ирвин Лозано им донесе победа на Мексиканците на вчерашниот меч со Германија предизвика такво воодушевување во Мексико Сити, што сеизмолошката станица во Мексико регистрираше мал земјотрес. Голот на Лозано предизвика таква радост кај Мексиканците, кои само со скокање во воздух предизвикаа потрес на земјата.
Според сеизмолошката станица, потресот кој е регистриран не е од природно потекло, па затоа се сосема сигурни дека причината е радоста и скокањето на Мексиканците кои го прославуваа голот на Лозано.