Голот на Марсијал ќе го чини Јунајтед речиси 8 милиони фунти

0

Ентони Марсијал постигна еден од најзначајните голови за Жозе Мурињо од почетокот на сезоната откако реализираше на мечот со Њукасл во текот на викендот.

„Црвените ѓаволи“ победија со 3-2 и на некој начин го спасија Португалецот од отказ. Голот на Марсијал има и друго значење бидејќи неговиот клуб ќе треба да плати бонус од 7,7 милиони фунти кој е вклучен во договорот при купувањето на играчот од  Монако.

Имено, клаузулата вели дека клубот од „Олд Трафорд“ ќе треба да ја плати наведената сума доколку Марсијал дојде до границата од 25 гола во Премиерлигата пред крајот на сезоната 2018-19.

Share.

Leave A Reply