Гомеш ќе потпише договор со „карамелите“

0

Челниците на Евертон ќе му го откупат договорот на Андре Гомеш кој во претходната сезона остави одличен впечаток настапувајќи како позајмен фудбалер од Барселона.

Според наводите на „Скај Спорт“, популарните „карамели“ биле презадоволни од играчот за врска и затоа се определиле да му понудат перманентен догоовор и да ги откупат неговите права од шпанскиот гигант. Португалскиот репрезентативец во летото во 2016 година потпиша за Каталонците, но, откако не успеа да се наметне на „Кам Ноу“, во изминатото лето беше испратен како позајмен фудбалер на „Гудисон Парк“.

Иако не се споменува трансферната сума, таа треба да биде многу помала од 55 милиони евра колку што и плати Барселона на Бенфика пред три години за да го купи Гомеш.

 

Share.

Leave A Reply