Гонзалес: Почит за Загреб, но мора да победиме

0

Ракометарите на Вардар заминаа за Загреб, каде утре во 20. часот ќе го одиграат новиот меч од групата во Лигата на шампионите. На досегашните девет меѓусебни средби во ЛШ, домашните ракометари имаа пет победи, а само еден дуел завршил со реми. Лани Вардар замина за Загреб како фаворит, имаше водство во второто полувреме, но на крај загуби. Сега поучени од тоа искуство „вардарци“ заминуваат со поголема претпазливост.

„И сега ситуацијата е слична како лани. Одиме во Загреб како фаворити. Лани ние игравме добро 45 минути, имавме 5 гола, па загубивме. Треба да имаме почит кон ривалот, да играме 60 минути со мотив и концентрација. Знаеме дека ќе биде тешко, таму секогаш се игра со доста притисок“, вели Раул Гонзалес тренерот на Вардар.

Сезонава Вардар и ППД Загреб одиграа две средби, по една во ЛШ и во СЕХА лигата и двете ги доби Вардар

Share.

Leave A Reply