Гонзалез ќе си замине од Скопје

0

Тренерот на ракометарите на Вардар и воедно селектор на нашата машка репрезентација, Раул Гонзалез, од наредната сезона ќе седи на кормилото на францускиот ПСЖ, објавија дел од медиумите.

Доколку се остварат прогнозите тој ќе го замени Звонимир Сердарушиќ кој и претходно најави дека планира да ја промени средината.

Шпанецот четири години ги предводи „црвено-црните“ кои во изминатата сезона успеаа да ја освојат Лигата на шампионите.

 

Share.

Leave A Reply