Гонзалез посакува да продолжи одличната серија во СЕХА лигата

0

Тренерот на ракометарите на Вардар, Раул Гонзалез, пред мечот со Загреб во СЕХА лигата, вели дека неговиот состав мора да ја прифати улогата на фаворит. Двете екипи неодамна одиграа меч во Лигата на шампионите на кој „црвено-црните“ славеа сигурна победа.

„На последниот наш дуел во ЛШ и двете екипи одиграа со висок интензитет. Ако се сеќавате, ние немавме добар почеток и тие водеа со 3-4 голови. Можеби ние повторно сме фаворити, но, тоа мораме да го потврдиме на теренот“, изјави Гонзалез.

Шпанскиот тренер за утрешниот меч ќе го нема на располагање, Рожерио Мораес, кој заработи скршеница на носот на саботниот дуел со Барселона. Средбата меѓу Вардар и ППД Загреб е закажана за утре со почеток во 17:30 часот во СЦ Јане Сандански.

Share.

Leave A Reply