Горан Пандев е амбасадор на УЕФА Суперкупот 2017

0

Фудбалската федерација на Македонија денеска го промовираше нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев во амбасадор на УЕФА Суперкупот „Скопје 2017“ кој на 8 август ќе се одигра на Националната арена.

Во изминатиов период се работи на санирање на сите работи во и околу арената, со што ФФМ и партнерите во проектот ќе бидат активно вклучени во организацијата на целиот настан и поготовката на стадионот.

pandev super kup 2017 - 1

„Морам да ја искажам мојата благодарност за укажаната доверба. Ќе ми биде голема чест како Македонец да бидам амбасадор на УЕФА Суперкупот 2017“, истакна нашиот најдобар фудбалер.

Од АД за стопанисување со станбен и деловен простор потврдиај дека за реконструкција на арената ќе бидат дополнително инвестирани 6 милиони евра.

17373176_10154116344118239_2117414380_o

Share.

Leave A Reply